Само неколку часа не делат од гламурот на црвениот килим пред „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Доделувањето на наградите на Американската филмска академија вечерва се очекува дека ќе го гледаат околу една милијарда луѓе насекаде низ светот.
Наградите не беа толку различни и пред 20 години, ѕвездите сакаа да бидат видени и посебни, само што модата во деведесеттите години од денешен аспект изгледа смешно.
Дел од црвениот килим во 1995, годината кога триумфираше „Форест Гамп“.
Тоа беше ерата кога долгите фустани како на принцеза беа аут. Тогаш на врвот на својата актерска кариера, Фостер со нејзиниот тесен фустан со неодредена должина и кристали, само го докажува тоа.
Рајдер се одлучи за вечната класика, црн фустан. Иако и денес повторно се враќа трендот на кратка машка фризура, оваа полупорасната коса не би поминала на црвениот килим денес.
Фустанот на оваа австралиска модна дизајнерка е направен од 254 вистински златни кредитни картички. Иронијата е што таа вечер, Гардинер доби „Оскар“ за најдобро дизајнирана облека на филм.
Ѕвездата на „Евтини приказни“ таа вечер се одлучи за фустан, чанта, чевли, марама, обетки и што уште ли не во иста боја. Модна грешка која веројатно и тогаш била модна грешка.
Благодарејќи на „Сексот и градот“, денес се смета за модна икона, но во 1995 година Сара Џесика Паркер одбра едноличен фустан, кој воопшто не ја одвои од остантите актерки.
Британската убавица беше на врвот во 90-тите години. Со светкавиот фустан на „Версаче“, Харли успеа да привлече внимание кое денес веројатно би го добила во поинаква смисла од посакуваната.
Соодветно на нејзините години, актерката која имаше големо враќање со „Вистинска крв“, носи шарен фустан и ниски потпетици.
Можеби бојата е дречлива, но што и да облече Шифер, изгледа бомбастично.
Детската ѕвезда изгледаше токму така. Малата Мара Вилсон, тогаш една од омилените деца на Холивуд, вечерта настапи во живо.
Секогаш горда на своето деколте, Винфри гордо ја прошета својата топ-фигура по црвениот килим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.