| четврток, 6 декември 2018 |

Неделковски: Сакаме еднаш засекогаш да се расчисти оваа смрдеа од странски платеници, платеници од невладини организации и чудни фондови

Граѓанското здружение за одбрана на Македонија

На македонскиот народ веќе му е дојдено преку глава и бара, инсистира да се заврши еднаш засекогаш, да се стави крај на сите можни шпиони, предавници и соработници на странски разузнавачки служби. Со нив, ние мора да расчистиме за да оваа држава може да тргне по вистински пат и да тргне кон благодет – посочи новинарот Миленко Неделковски синоќа пред насобраните битолчани на трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Тој додаде:

– Ова е една природна иницијатива, еден природен процес, каде што луѓето, граѓаните, нормалниот дел од нас, од жителите на оваа држава, 95 отсто, сакаме еднаш засекогаш да се расчисти оваа смрдеа од странски платеници, платеници од невладини организации, од странски амбасади, од чудни фондови, луѓе што соработуваат со шпионски служби, кои ги служаат нашите разговори и потоа сакаат да ги користат за разни пазарења, вклучително и политички. На народот му е преку глава и сака еднаш засекогаш да го расчисти ова.

tribina-bitola

Граѓаните во Битола синоќа масовно пристигнуваа за да го стават својот потпис за поддршка. Центарот за култура во Битола беше претесен да ги собере сите што го поддржуваат движењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top