Мартин Касерес, уругвајскиот одбранбен играч кој игра за италијанскиот шампион Јувентус, доживеа сообраќајна несреќа. Несреќата се случила викендот во Торино, по што тој е префрлен во болница. Италијанските медиуми пишуваат дека Касерес го управувал своето „порше каен“ кога бил удрен од автомобил „алфа ромео“, кој поминал на семафор додека било вклучено црвеното светло. Касерес се враќал во својот дом по победата на Јувентус против Болоња. Се очекува дека тој нема да се појави на терен во наредните 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.