Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со Ивица Дачиќ, потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија, кој во улога на претседавач на ОБСЕ престојува во работна посета на Македонија.
Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, истакнал дека Република Македонија високо ја цени улогата на ОБСЕ и поддршката што ја добива земјата во повеќе сфери како владеење на правото, изборниот процес и законодавството, полицијата и судството, унапредувањето на меѓуетничките односи и соживотот.
Иванов изразил задоволство од фактот што Република Србија, како земја сосед претседава со ОБСЕ и во тој контекст изразил уверување дека српското претседателство на соодветен начин ќе ги изрази интересите на регионот.
-Република Македонија целосно ја поддржува работата на организацијата и на српското претседателство, нагласил претседателот Иванов.
Тој го запознал претседавачот на ОБСЕ дека за Македонија останува клучниот предизвик да се деблокира статускво состојбата во интеграциите, додавајќи дека евроатлантските интеграции даваат дополнителна кохезивна сила во општеството.
На средбата е разговарано и за состојбите во поширокиот регион и за актуелните ангажмани на српското претседателство со ОБСЕ, особено во контекст на справувањето со феноменот на странски борци и насилниот екстремизам.
Иванов порачал дека српското претседавање со ОБСЕ треба да се искористи за зајакнување на соработката во регионот по прашањето за справување со насилниот екстремизам и странските борци, истакнувајќи дека се потребни соодветни проекти, во соработка со ОБСЕ за соочување и превенција од овие закани.
Двајцата соговорници размениле мислења и за кризата во Украина и во таа насока Иванов уште еднаш ја нагласил поддршката на напорите на ОБСЕ и на српското претседателство за изнаоѓање на дипломатско решение на проблемот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Дачиќ: Не го даваме образот, Уставот и Косово за европски морков
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме