| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку предности за врските на далечина

Далеку од очи, далеку од срце – така викаат оние кои не веруваат во љубов на далечина, но ние се одлучивме за се сконцентрираме на онаа позитивната страна на љубов на далечина.

telefonski seks

Комуникацијата е многу важна

Секако дека ништо не може да го замени разговорот во живо, но двојките кои комуницираат од далечина често комуникацијата е повеќе квалитетна од оние кои разговараат очи во очи. Работата е во тое дека двојките кои често се гледаат едноставно престануваат да го ценат фактот дека не се премногу оддалечени, а оние кои се разделени знаат да уживаат во секој момент во кој можат да комуницираат со својата подобра половина.

Сексот е поинтензивен

Секако се случува и поретко, но фактот дека не се гледате толку често ја зголемува желбата и страста која кај двојките кои често се задно тоа може со текот на времето да се изгуби.

Повеќе труд

Во денешно време, кога е сосем вообичаено да се замени нешто што не функционира совршено, двојките во врска на далечина сепак се обидуваат да решат некои проблеми. Ако работите не функционираат најдобро, двојката која е во врска на далечина се обидува да го реши проблемот, додека двојките кои се често заедно можеби едноставно ќе се скараат и ќе се откажат од идејата да го решат проблемот.

Телефонски секс

На почетокот е можеби незгодно, но еднаш кога ќе го усовршите телефонскиот секс, нема да можете без него, а тоа е исклучително забавно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top