| четврток, 6 декември 2018 |

Роман Полански ќе присуствува на сослушувањето за екстрадиција во САД

Филмскиот режисер Роман Полански (81) ќе присуствува на судското сослушување за барањето на американските правосудни власти за негова екстрадиција во САД,соопшти во Варашава неговиот адвокат.

Сослушувањето ќе се одржи идната недела во Краков.

Полански веќе престојува во Полска,каде се подготвува за снимањето на неговиот нов филм.
Овој режисер познат по филмовите „Бебето на Розмари„ „Балот на вампирите„ или „Пијанист“ е роден во Полска,од каде заминал многу млад за да работи на Западот.

Уште во 1977, Полански е на листата за екстрадиција во САД и против него има потерница, затоа што е обвинет за сексуална врска со 13 годишна малолетничка и за силување.

Режисерот кој тогаш живееше и работеше во САД, беше уапсен и на сослушувањето ја призна вината. Но во затвор беше само 42 денови, затоа што беше пуштен со кауција за психијатриско испитување. Во 1978 година,стравувајќи дека судот ќе му ја зголеми казната,тој побегна од САД,прво во Велика Британија,а потоа во Франција,каде сега постојано живее.

Во 2009 година, Полански беше притворен во Цирих, врз основа на старата потерница, што се уште е во сила, но под силен притисок на европските левичарски интелектуалци, а посебно на француските, властите во Швајцарија му дозволија да ја напушти земјата.

Оттогаш тој десетина пати престојувал во Полска, а тамошните власти во октомври минатата година, го одбија барањето на САД, сега веќе остарениот режисер, да биде уапсен.

Неговиот адвокат верува дека малку е веројатно оти Полански ќе им биде предаден на Американците за да му судат за едно „старо кривично дело“. Адвокатот вели дека од тогаш поминале 38 години, а Полански во Полска се смета како еден од најголемите живи, полски уметници.

Според законите во земјата, дури и судот во Краков да наложи есктрадиција на Полански во САД, одлуката ќе треба да ја потврди, или да ја поништи, министерот за правда на Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top