
Поради зафати што ќе ги вршат екипи на ЕВН Македонија АД, утре без струја ќе бидат повеќе улици во општина Карпош и од булеварите 8 Септември и Партизански одреди.
Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот 8 Септември, како и дел од корисниците од улиците Каирска, Њу Делхиска, од булеварот Партизански Одреди и објектите на Педагошкиот факултет, Факултетот за уметност и градинката Бисери.
Од 9.30 до 14.30 часот струја ќе немаат дел од корисниците во село Мирковци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


