Како лингвистичка фраза, ОК, е вистински феномен, кој никна во англискиот јазик и се префрли во десетици, ако не и стотици јазици во светот. Постојат различни митови за тоа како настанала фразата.
Која е вистинската верзија?
Во својата книга „Митови за зборовите“, Дејвид Вилтон, нуди различни објаснувања, некои тврдат дека ОК потекнува од античкото „olla kalla“, што значи „задоволувачко“, додека други истакнуваат дека доаѓа од зборот „okeh“ на чокто индијанците. Трети пак го обвинуваат телеграфот и неговиот термин „Open Key“.
Некои го припишуваат изразот на прекарот на американскиот претседател Мартин ван Бурен, кого го нарекувале „Old Kinderhook“. Според многу лингвисти, дури да не е тоа точното потекло на ОК, прекарот сигурно помогнал за ширење на изразот.
Етимологот Алан Рид од Универзитетот „Колумбија“, успева да го следи зборот од нејзиното почетено потекло во Бостон во 19 век. Во летото на 1838 година уредниците во весниците во градот почнаа да користат најразлични кратенки во своите материјали. Овие нови изрази постепено мутирале и од полноправни кратенки, станале намерно погрешно испишани изрази.
Така еден судбински ден, на 23 март 1839 година „Boston Morning Post“ го користел во свој напис изразот „ok – all correct“, намерно напишан со О и К, а не со А и Ц. Или со други зборови, како што се изговара.
И така, се до ден денешен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст