| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се сретна со Хан

Johanes-Hahn-so-Zaev-3Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката Радмила Шекеринска, генералниот секретар Оливер Спасовски и претседателката на Комисијата за европски прашања Лидија Димова, денеска во седиштето на СДСМ се сретна со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, придружуван од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Тема на разговорот беа актуелната политичка ситуација во Република Македонија и загрозените демократски процеси во државата.

Претседателот на СДСМ најави дека Социјалдемократскиот сојуз има законска и морална обврска „Вистината за Македонија“ да ја сподели со граѓаните, и тоа ќе го стори во насока и со единствена цел, враќање на уставниот поредок во Македонија, на слободата и демократијата и нормализација на државата.

Johanes-Hahn-so-Zaev-1

 

фото: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top