Граѓаните на Србија и на Бугарија стравуваат дека откажувањето од проектот на гасоводот „Јужен тек“ ќе има негативно влијание врз нивните економии, се вели во анкета на „ИЦМ рисерш“ спроведена за руската агенција „Спутњик“.
Дури 64 отсто Бугари и 61 отсто Срби стравуваат дека откажувањето од проектот негативно ќе влијае врз нивните економии, додека само 28 отсто Австријци очекуваат негативни последици за својата држава.
Мнозинство граѓани во држави каде што требаше да минува гасоводот наведуваат дека не требало ЕК да одлучи за „зелено светло“ за проектот.
Анкетата укажува дека 66 отсто Бугари и 52 отсто Срби сметаат дека нивните држави требало да кажат последен збор, а 42 отсто Австријци истакнуваат дека Виена треба да одлучи за судбината на „Јужен тек“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.