| четврток, 6 декември 2018 |

Карпош испрати помош за поплавените подрачја

Камион полн со ќебиња, вода, трајна конзервирана храна, хигиенски средства и други производи собрани од хуманитарната акција којашто ја организираше локалната самоуправа од Карпош, денеска тргна кон поплавените подрачја.

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, посака ова да биде последно лошо кои ѝ се случува на државата.

– Граѓаните од општина Карпош заедно со локалната самоуправа собраа преку осум тони вода, околу две илјади парчиња хигиенски средства, над 1.500 парчиња конзервирана храна, како и повеќе од 1.300 парчиња останати прехранбени производи. Сè што е наполнето во овој камион  ќе биде наменето за жителите во општината Чешиново-Облешево. Помошта од Карпош ќе им биде предадена на тамошните локални власти, а тие, пак, ќе ја распределат на настраданите граѓани – истакна Јакимовски.

Хуманитарната акција на општина Карпош траеше една недела. На 36 пункта, во 14-те урбани заедници на територија на општина Карпош, како и  во сите основни училишта и градинки, граѓаните имаа можност да ја остават својата донација и да дадат поддршка на своите граѓани од поплавените региони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top