Поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ во интервју за телевизијата „Н1“, говорејќи за резултатите на својот мандат и состојбата во Хрватска рече дека „усташката змија не спие“.
На прашањето каде ја гледа „усташката змија“ Јосиповиќ одговори дека таа не е „тука на подот, не ползи, дека не е ниту таа од 1941-1945 година“, како и дека не станува збор за поставување усташки симболи на „Фејсбук“ и други веб-страници или облекување во усташки униформи, туку за тенденции што водат кон нетрпеливост кон другите и различностите.
– Се работи за тоа дека е видливо дека во нашето општество постојат некои тенденции што одат за суштината на тоа што тогаш се заговарало. Тоа е нетрпеливост кон другите и различното, тоталитарни тенденции, желби да се намалат човековите права, а видовме и оти имаше закани кон луѓето и да се промени вистината за историјата – појасни Јосиповиќ во интервјуто за „Н1“.
Toj изрази жалење што, според него, постојат и обиди на некои влијателни кругови да се ревидира историјата, „Хрватска да се оддалечи од победничката коалиција од Втората светска војна и да се претвори во губитник“.
Јосиповиќ, кој во 2010 година во Сараево се извини за учество на Хрватска во политиката која во 90-тите години на минатиот век се обидувала да ја подели БиХ, вели и дека за време на својот мандат ги подобрил односите со Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст