| четврток, 6 декември 2018 |

Нападната жена среде Скопје

Шеесет и шестгодишна жена вчера била ограбена пред влезот на нејзината зграда, на улицата Козара во центарот на Скопје.

Непозната жена разбојник ја пресретнало старицата пред таа да влезе во зградата, ја турнало на земја и под закана со нож и одзеламобилен телефон и 650 денари. По нападот и разбојништвото на старицата А.Т. и била укажана  помош по што била пуштена на домашно лекување. Полицијата експресно реагирала по пријавата за нападот и за кратко време успеала да го пронајде да ја уапси Н.Х.(31) кое е осомничено за разбојништвото и против кого ќе биде поднесена соодветна пријава. Лицето од порано е регистриран од полицијата како извршител на тешки кражби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top