Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 35 седница со гласање по Дополнетиот предлог на закон за комплементарна и алтернативна медицина, во второ читање, за кој расправата заврши вчера. На дневен ред на оваа седница, меѓу другите се Предлог законот за дополнување на Законот за јавните претпријатија и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, двата по скратена постапка.
Пратениците треба да расправаат по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации и на Законот за финансиската полиција, во прво читање, како и Предлог законот за изменување на Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, исто така, во прво читање.
На седницата, меѓу другите, треба да се расправа и по Предлог законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација и Предлог законот за изменување на Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија, двата во прво читање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст