Руското Министерство за одбрана денеска започна ненадејна инспекција во своите десантни единици во западниот дел од земјата, соопштија руски медиуми.
Медиумите не наведуваат во кои бази е извршена контрола на борбената готовност, но веројатно тие се во Волгоградската област, која не граничи со Украина.
Засега нема официјален коментар од страна на Министерството за одбрана во Москва.
Русија изврши неколку ненајавени воени вежби откако ги влоши односите со Западот поради украинската криза. Владите во Киев и во некои западни земји соопштија дека овие маневри во близина на украинската граница имаат за цел да извршат притисок врз Киев и да покажат дека Москва ги поддржува проруските сепаратисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст