Неколку автомобилски компании, меѓу кои и „Ауди“, се заинтересирани за изградба на фабрики за производство на компоненти и резервни делови во индустриските зони во Бугарија, изјави денеска бугарскиот министер за економија Божидар Лукарски.
– Разговорите за ваквите инвестиции се уште се прелиминарни, но засега постои интерес од страна инвеститорите. Голема германска компанија од областа на месната индустрија, како и неколку автомобилски компании се заинтересирани за (инвестиции во) индустриската зона во Видин, посочи Лукарски на средба со градоначалниците од северозападниот дел на Бугарија во Монтана.
Тој најави дека Министерството за економија и Агенцијата за инвестиции на Бугарија планираат да воведат т.н. проект-менаџери, кои на странските ионвеститори би требало да им помагаат при административните процедури.
– Министерството планира да ги отстрани административните пречки пред инвеститорите со цел да ги стимулира инвестициите и да го поттикне равојот на малите и средни бизниси, изјави Лукарски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.