| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Србија учи од Македонија

unnamed (1)
Го почитуваме тоа што се работи во Македонија, реформите и привлекувањето на странски инвестиции. Ние учиме и прифаќаме примери од Македонија, истакна премиерот на Србија Александар Вучиќ, по денешната заедничка седница на владите на Македонија и на Србија во Скопје.
-Го почитуваме тоа што се случува во Македонија и зголемување на порастот што го прави Македонија . Ние учиме и прифаќаме од сето тоа што се случува во Македонија, ние не се срамиме од тоа, туку и сме горди на тоа. Сите паметни луѓе учат од сите тие што сметаат дека може да научат од некого, а ние многу учиме од нашите македонски колеги. Се надевам дека и тие некогаш ќе имаат можност да научат нешто од нас – истакна Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top