Силно ги осудувам заканите на Зоран Заев, претседател на опозициската СДСМ, кон претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, вели во својата изјава Жорди Ксукла, пратеник во Парламентот на Шпанија и пртеседател на групата на Алијансата на либерали и демократи за Европа (ALDE) во ПС на Совет на Европа за последните настани во Македонија и во врска со, како што наведува, недемократските активности на Заев.
Ксукла, кој членува во повеќе комитети во ПССЕ и е претседател на Фондацијата за слободи и демократија, наведува дека Заев од претседателот на Владата побарал да поднесе оставка под закана дека во јавноста ќе бидат објавени материјали направени од странски тајни служби, на кои се наоѓаат снимени телефонски разговори и документи на највисоките државни претставници.
– Убеден сум дека повеќето од нив не се точни и дека се производ на странски тајни служби – вели тој.
Шпанскиот сенатор истакнува и дека е информиран дека на 31 јануари годинава Одделот задолжен за искоренување организиран и сериозен криминал во Република Македонија поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство и дека Обвинителството донело наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. Во тој контекст тој повикува на фер и демократски судски процес во кој целосно ќе се почитуваат европските демократски стандарди и во кој постапката ќе биде целосно транспарентна.
– Во таа насока сакам да ги осудам заканите што ги прави Зоран Заев, претседател на опозициската СДСМ, кон претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и инволвираноста на странските тајни служби во секој вид на нелегално снимање и прислушкување насочено кој највисоките државни претставници на Македонија – се вели во изјавата на Ксукла.
Тој укажува дека единствената демократска борба е таа на вистинска дебата во која страните изнесуваат политички аргументи и изборни програми, кои што се верификуваат на избори и при тоа повикува на враќање на опозцијата во парламентот.
– Би сакал да повикам на обновување на политичкиот дијалог меѓу Владата и опозицијата. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија целосно да ги почитува демократските стандарди, како и да заземе конструктивна и активна соработка во политичкиот систем на Македонија и достоинствено да се однесува во целиот овој процес. СДСМ целосно да ги искористи и оствари мандатите во Собранието на Република Македонија – се вели во изјавата на влијателниот шпански политичар Жорди Ксукла, кој по вокација е професор по административно право на Универзитетот на Каталонија и адвокат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



