| четврток, 6 декември 2018 |

Петте најстари жени на светот ги откриваат тајните на долгиот живот

Тие се родени во еден, растеле во втор, а годините на старост ги живеат во трет век. Петте најстари личности на земјата се жени и сите се родени во 19 век. Секоја од нив има своја „тајна“ за долг живот.

35 (1)

1. Најстарата личност на планетата – Мисао Окава, 116, Јапонија

Окава ќе го прослави својот 117 роденден во март. Таа е родена во Осака, Јапонија во 1898 година, а се омажила во 1919 година. Има три деца, четири внуци и шест правнуци, а скоро цел живот е без сопругот, кој починал во 1931. Нејзината тајна е суши, осум часа сон и релаксиран живот.

490062_gertruda-viver2-ap_f

2. Најстарата Американка Гертруда Вивер, 116, Арканзас

Вивер е најстариот жив човек во Америка и го слави својот роденден на националниот празник, 4 јули. Таа има четири деца, а во моментот живее во старски дом, бидејќи е неподвижна. Најчесто ја посетува 78-годишната внука.

Според Вивер, верата  во Бога е она што ја одржало жива толку години. Таа живее по филозофијата – однесувајте се со другите, како што сакате тие да се однесуваат со вас.

900609_1376994700--640x360

3. Најстарата Европејка на светот –  Ема Морано-Мартинуци, 115, Италија

Морано-Мартинуци е родена само неколку дена пред крајот на векот во ноември 1899. Според неа, долговечноста се должи на нејзината малку невообичаена исхрана.

Кога таа имала само 20 години, нејзиниот доктор ѝ рекол да јаде едно сурово и едно варено јајце дневно, и од тогаш таа го прави тоа секој ден.

10509714_967794219914157_319863182019601226_n

4. Џералиен Тели, 115, Мичиген

Тели израснала на Југот и била во брак 52 години, потоа нејзиниот сопруг починал. Таа живее со нејзината ќерка Телма (76) и ужива играјќи си со нејзините прапраправнуци.

И според Тали, верата и Господ ја одржуваат во живот.

B7FQQ2SIEAAs-PS

5. Сузана Мушат Џонс, 115, Њујорк

Оваа откачена њујоркшанка и на 115 години сè уште е енергична како некогаш. Освен губењето на видот поради глауком, единствениот здравствен проблем кој го има е крвниот притисок. Џоунс немала деца, но се посветила на нејзините внуци од браќа и сестри.

Според неа, нема тајна на долговечноста. Џоунс избегнувала алкохол и цигари и секогаш се труди добро да се наспие. Единствен порок и е сланината, од која не пропуштила ден да не касне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top