Не би ги коментирал наводите изнесени на прес-конференцијата на СДСМ, но како јавен обвинител не сум постапувал по ниеден предмет каде пријавено лице било министерот за финансии, изјави денеска јавниот обвинител Марко Зврлевски.
– Јавните обвинители кои постапуваат по предметите се апсолутно независни во своето постапување и самостојни и нив ги обврзуваат само количината и основаноста на доказите, сомнението поткрепено со доказите. Од мене никој не побарал да се отфрли некаква кривична пријава, ниту пак јас сум побрал од некој обвинител тоа да го направи – истакна Зврлевски одговарајќи на новинарски прашања на националната конференција за постапување со деца жртви на насилство.
Тој појасни дека за сите предмети за кои е отфрлена кривична пријава се известува оштетениот и оти тој има право да поведе постапка пред суд, односно да поведе жалба до повисок јавен обвинител.
Зврлевски додаде дека Јавното обвинителство во својата работа секојдневно комуницира со Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности.
Според него, начинот на споменувањето на јавното обвинителство и јавниот обвинител на прес-конференцијата сѐ со цел да се дискредитира оваа институција.
– Начинот на споменувањето на јавното обвинителство, јавниот обвинител на прес-конференцијата и начинoт на коментирањето е со цел да се дискредитира јавното обвинителство и да се изврши притисок во врска со постапување по конкретен предмет – нагласи Зврлевски.
Прашан дали се води истрага за прислушување во однос на содржината на она што се слуша на снимките, Зврлевски рече дека коментирањето за конкретен предмет кој е во постапка би можело да го загрози постапувањето во предметот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст