Фотографијата од профилот на „Фејсбук“ кажува многу за сопственикот на профилот. Со помош на фотографијата од профилот го претставуваме своето име и презиме во заедницата на „Фејсбук“. Таа фотографија можат да ја видат сите. Поради тоа таа внимателно е одбрана. Што зборува фотографијата?
Црно-бела фотографија
Сите знаеме дека на црно-бела фотографија изгледаме поубаво . Посериозно. Поубаво. Поинтересно. Некако сме арт. А таков впечаток сака да остави и таа. Ако станува збор за убава фотографија, девојката е префинета. Но имајте на ум – нејзе првиот впечаток ѝ е многу важен. Девојката сака да остави добар впечаток.
Фотографија со очила за сонце
Сѐ гледаме, но, всушност, никој во целост не нѐ гледа. Затоа што ги криеме своите очи, а знаеме дека, сепак, тие се главни на лицето на секое лице. Таа сака да изгледа кул и таинствено. Или едноставно е нефотогенична, а рака на срце, сите убаво изгледаме со очила за сонце.
Фотографија со лик од цртан филм или стрип
Смешкајќи се гледа во својата маица со Мики Маус. Ја гушка големата Хело Кити играчка. Таа е заиграна и весела. Но, можеби по малку наивна.
Фотографија со домашно милениче
Таа го обожува своето маче или кутренце. Имајте на ум дека морате да му бидете мили и на нејзиниот домашно милениче. И особено морате да ги сакате животните.
Полугола фотографија
На прв поглед секако е привлечно, но таквата девојка очајнички бара внимание. Фотографиите на кои е само во костим за капење е ставена за да се лајкува и сопственичката повторно да чита убави комплименти. Големо внимание посветува на надворешниот изглед. Својот.
Фотографија како за пасош
Девојката, можеби, и изгледа слатко на таа фотографија, но има нешто одбојно во тоа вкочането држење. Сепак „Фејсбук“, пред сè, е забава. Постојат две објаснувања – не сака да се фотографира и тоа е единствена фотографија што ја има или таа, навистина, е вкочанета, па мисли дека тоа е забавна фотографија.
Фотографија од забава
На фоторафијата ја гушка пријателката, а во другата рака држи коктел. Таа сака да се забавува. Или барем сака да остави таков впечаток. Во голем број случаи станува збор за убав спомен од добро излегување и драги пријателки.
Обработена и укарсена фотографија
Нејзиното лице во нијанси на сини тонови, срценца на сите страни и некои лигави стихови околу нејзината глава. Таа сака да ги следи трендовите, но притоа не е креативна туку повеќе копира. Сака лигави и романтични работи.
Смешен натпис
Ако се насмеете на знакот, целта е постигната. Лицето е забавно и не ги сфаќа сите работи премногу сериозно. А секогаш можете да мислите и дека таа не е убава па се крие зад својот хумор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.