| четврток, 6 декември 2018 |

Данската полиција обвини две лица за соучество во нападите во Копенхаген

 Investigative personnel work at the scene of a cafe shooting in Oesterbro, in Copenhagen

Данската полиција обвини двајца мажи дека биле соучесници на мажот обвинет за убиство на две лица во напади во синагога и на манифестација за поддршка на слободата на говор во Копенхаген за време на викендот.

Двајцата осомничени се уапсени вчера.

– Двајца мажи се обвинети за соучество, преку совети и активности, на извршителот на нападите во Крудтонден и Кристалгаде – се наведува во соопштението на полицијата.

Полицијата во Данска претходно објави дека напаѓачот, убиен во полициска акција по двата смртоносни напади во Копенхаген, можеби бил инспириран од минатомесечните терористички напади во Париз.

Мажот осомничен за убиство на две лица во Копенхаген вчера е идентификуван од данските медиуми како Омар eл Хусеин. Данскиот таблоид „Екстра бладет“ објави дека 22-годишниот Ел Хусеин бил пуштен од затвор пред две недели по отслужување на казна затвор за тежок физички напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top