Веќе на сите им сосема јасно дека последните случувања во нашиот политички живот се сценарио за доаѓање на власт на СДСМ и рушење на актуелната власт. Во склопката на активностите, кои траат повеќе од година дена, се опфатени: непризнавањето на резултатите од последните избори, бојкотирањето на работата на Собранието, протестите кои, манифестирани на улица, не укажуваат на дебата за барањата и, на крајот, материјалите од прислушкувањата за компромитација. Такво сценарио претходно ги инспирираше и настаните од 24 декември 2013 година и излегувањето, на чело со лидерот, Бранко Црвенковски, на барикади. Идеата беше и останува, како што велеше порано Милошевиќ, „да се случи народ“, така што, со вољата на мнозинството граѓани, власта да помине кај опозицијата.
Од денешен агол, продлабоченото согледување на овие настани покажува дека планот за освојувањето на власта има многу поширок опфат. Целта е да се разбијат сите димензии на власта. Потреба да се дојде на власт, разбивајќи ги функциите, според нив, на актуелната власт, истовремено, свесно или несвесно, го руши целокупниот општествен поредок, ако се рушат неговите витални крвотоци какви што се судството, безбедноста, јавните служби, образованието, здравството, информирањето. Сосема е видливо дека нападот се извршува преку крајна недоверба кон сите општествени институции како за неспособни и инструирани. И при тоа, во создавањето на негативната свест се вклучени, не само медиумите, туку и, по наложена задача, и преку социјалните мрежи. Тие емитираат случки, нецелосни вистини и маргинални моменти, како би предизвикале револт кај луѓето. Сите активности причинуваат крајно штетни последици по поредокот на нашето општество но ја поткопуваат и македонската нација, и сосема оправдано асоцираат и на вмешаност на странски геополитички интереси.
Неминовно се поставува и прашањето за тоа до што би довело евентуалното ново заведување на власта од страна на СДСМ кога не е променето неговото политичко ткиво и недостасува дефинирана политичка мисија. Нешто што произлегува и од теоретската неелаборираност и поради тоа отсуството на политичкото конципирање на институциите и дејствувањето во резрешувањето на секојдневните проблеми, како негрижа за човекот, бизарно бизарното оправдувајќи дека поинаквото однесување би било популистичко.
Значи, алтернативата што, во овој момент, СДСМ е во состојба да ја овозможи, во замена на сегашната, нападната, состојба во сферата на судството, безбедноста, образованието, медиумите и на сé друго што може да се означи како општествен и поединечен живот, може да се очекува како враќање на старото. Причините одговорот да биде крајно неизвесен лежат во отсуствувањето на јасно искажани конкретни заложби за евентуалната промена на дејствувањето во суштинските столбови на нашиот општествен поредок, општествените дејности и какво профилирање на институциите во различни сфери од нашето живеење би можеле да очекуваме. Како што, на пример, своевремено, во 19 век, беше случај и со ревандикацијата на старото и како резултат на нишалката на историјата „како ново броење на времето“, во Франција.
Дотолку повеќе тоа би било неприфатливо затоа што сме свесни, од минатото практикување на власта на СДСМ, за крајно неприфатливата неагилност за решавањето на виталните општествени прашања какви што се економскиот развиток, невработеноста, а, да не говориме, за грижата за потребите на одделните социјални групи, што, е, исто така, од сферата на заштитата на граѓанските права.
Нивното однесување, всушност, ја смали динамиката на животот со слабиот капацитет на организираност за функционалност на политичките одлуки. И, на тој начин, создаденото сивило на животот.
Проблематична е особено недефинираноста на социјалдемокатската опција за националните прашања што ги создава мноштвото реални сомнежи околу очекуваниот концепт за нашиот понатамошен национален развој. Познат е традиционалниот комунистички пристап, кој во помала или поголема мера го редуцира духовниот идентитет на народот, занемарувалќи го антрополошкиот, во име на социологистичкиот пристап, што има последици врз развојот на јазикот, творештвото, вредностите и култура воопшто на секојдневниот живот.
Оттаму можеме да дојдеме до заклучок дека случувања околу „бомбата“ воопшто не се, ниту наивни, ниту без предизвик за Македонија. Тие, се усмерени да создат недоверба кон сите главни крвотоци на поредокот и институциите на државата, разнебитувајќи го целосно националното ткиво. Сите чинители на јавниот живот мора токму тоа да го имаат предвид за да ја разоткријат вистинската суштина на овие настојувања и со одлучна акција, во рамките на институционалното дејствување, да ги спречат крајно штетните последици за демократијата, понатамошниот национален развој и мирот на граѓаните.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст