Од поднесените 15 илјади амандмани Комисијата требаше да гласа по 41 амандман. Според Сузана Анова, претседавачот со Комисијата, продолжува да се докажува дека најавената поддршка за законот од пратениците на СДСМ и нејзината коалиција е лажна.
Анова упати апел опозицијата да се врати на работните места во Собранието за да се донесе законот и покрај спротивставањето од ДПА и од ДУИ.
– Приоритет на пратениците од СДСМ во овој момент треба да биде законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили, за луѓето коишто го жртвувале својот живот и се уште го ризикуваат својот живот за доброто на граѓаните на РМ, а не борбата за зачувување и продолжување на политичката кариера на еден транзициски политичар како што е Бранко Црвенковски, изјави Анова.
Талат Џафери од ДУИ уште еднаш повтори дека е за донесување закон кој ќе ги опфати сите лица од 2001 година, а ДУИ е против донесувањето на ваков закон и ќе ја искористи секоја можност за негово недонесување.
Од 13 члена на Комисијата шест се од ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ и коалицијата, двајца членови се од ДУИ и еден од ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст