| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ги снима новинарите за време на своите прес-конференции

Zaev bomba 12 (Custom)За време на вчерашната прес-конференција во седиштето на СДСМ, партијата ги снимаше присутните новинари, регистрирајки го нивното движење, реагирање… Додека сите камери беа вперени во опозицискиот лидер Зоран Заев, една камера ги снимаше новинарите. Човек од партијата со мала рачна камера ги ловеше движењата на медиумските лица и нивните меѓусебни разговори.

Екипата на ТВ „Алфа“ реагираше. Одговорот од СДСМ е: „Што е, се плашите?“. Но, потоа се правдале дека снимките се за внатрешна употреба и нема никаде да бидат објавени. Ова не е првпат опозициската партија да се конфронтира со новинарите. Досега неколкупати одбивале да одговорат на
прашања од одредени медиумски куќи и новинари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top