| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштво на очевидец: Човекот беше легнат долу, кучињата буквално го јадеа, го гризеа!

Повеќе од 10 кучиња скитници искасапија двајца стружани во само два дена. Убодите и раните се длабоки, но и траумата која ќе трае цел живот. Една од жртвите ни ја раскажа оваа потресната приказна, пишува порталот „Охриѓани“.

– Четврток на утро некаде пред 07 часот чекав да ме земат со кола за да одам на работа во хотел Бисер кај женска плажа. Додека чекав на тротоарот видов кучиња на плажата од кои едната ми се приближи и почна да лае и трча на кај мене. Ми се пушти кучка прво, беше многу агресивна а потоа уште 7-8 други кучиња и почнаа да ме касаат, ме бувнаа долу на земја. Додека кучињата ме касаа ми текна да се заштитам во главата со рацете и се стуткав во купче. Осејќав болка на секаде и среќа во еден момент дојде едно дете и почна да ги брка кучињата. Да беше некој друг од понежниот пол или дете Ви гарантирам дека немаше да останит живо, раскажува жртвата од кучињата скитници, Драган Пејоски.

Очевидецот на овој немил настан ни го потврди случајот.

Слушнав галама, чопор кучиња. Човекот беше легнат долу, кучињата буквално го јадеа, го гризеа. Јас се размавтат со торбицата, викав и кучињата се разбегаа. Чивекот беше лом напраен, вели очевидецот Иван Андреевски.

Општина Струга неколкупати досега го избегнува одговорот за нејзината одговорност. Побаравме одговор за решавање на овој проблем и од Здружението за заштита на животни но и од таму молк. Граѓаните на Струга се жалат на ова здружение дека ги храни овие бездомници по струшките улици и со тоа го поттикнува нивниот инстинкт за бранење на својата територија. Невакцинирањето и болестите кои ги носат во себе овие бездомници претставуваат голема опасност за здравјето на граѓаните во Струга а во последниов случај и опасност по човековиот живот.

Во исто време беше нападнат уште еден стружанец кој помина со потешки повреди. Првичните слики кои ги објавивме беа од другата жртва со поголеми рани.

фото: Охриѓани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top