Австрија, која во изминатите три месеци е соочена со драстичен пораст на илегални имигранти од Косово, кои поднесуваат молба за добивање азил, планира со голема кампања да делува против егзодуосот од Косово. „Шверцерите ги лажат луѓето“, е мотото на кампањата која планира да ја покрене министерката за внатрешни работи на земјата Јохана Микл-Лајтнер.
– Луѓето мора да знаат дека ги лажат, дека немаат шанса да добијат азил во Австрија, како и оти нема при за барање за добивање азил, појасни Микл Лајтнер.
Таа воедно инсистира и на забрзана постапка на решавање на барања за добивање азил на лица од т.н. безбедни земји на потекло, како и ппанирани масовни протерувања на косовски поднесители на барања за азил, на кои истиот им е одбиен, на секои две недели.
Кампањата, со цел запирање на масовното иселување на граѓани од Косово, ќе почне оваа недела, со огласи во косовски весници, како и информации за оние луѓе кои бегаат од сиромаштија во Косово.
Таа воедно укажа дека шансите се речиси никакви граѓанин од Косово да добие азил во Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст