| четврток, 6 декември 2018 |

Ванковска: Барањата на Пленумците не се во функција на она поради кое се формираа!

UntitledДемократија е да бидеш слободен и безбеден да кажеш нешто што не е популарно и во согласност со мнозинското мислење… Затоа, јас ќе ја искористам оваа слободарска еуфорија на УКИМ за да кажам дека во ОВОЈ МОМЕНТ сметам дека ректорот е СОСЕМА во право! Пленумци можат и натаму да ја развиваат својата креативност и автономент дух, низ различни форми, НО…
Прво, нивните барања не се артикулирани поинаку освен како бунт поради бунт, непослушност поради уживање на слободата – ама не се во функција на основните барања поради кои се формираа Пленумите! Законите против кои се буневме се ВЕЌЕ ПРОМЕНЕТИ – нека не ги лаже никој дека закон може да се УКИНЕ или да се ФОРМИРА НОВ! Новиот закон го менува стариот – тоа е древно и цивилизациско правило! Значи, ПОД ИТНО треба да се работи во РАБОТНИ ГРУПИ! Роковите, драги колеги, течат! И десетина месеци ќе летнат за час! – напиша професорката Билјана Ванковска на својот фејсбук профил.

Таа смета дека барањата на Пленумците не се во функција на она поради кое се формираа.

-Барањето за инклузивен процес на работа на СОСЕМА НОВ ЗАКОН (кој ќе го замени оној од 2008 со сите негови 15-16 измени и дополнувања) е веќе исполнето со фактот дека во понеделник почнува со работа таа група. Тоа нема да биде ниту нивна ексклузивна задача, ниту пак УКИМ е единствено повикан да пишува нов закон. СИТЕ НИЕ, кои сме или не сме дел на пленумите, имаме право и должност да учествуваме во јавната расправа! Трето, барањето дека окупацијата ќе продолжи сѐ до донесување на нов закон е бесмислена: нели баравме анализи и сериозна работа? Нели велевме дека овие од власта си носат закони како што ќе им падне на памет? Нели баравме анализи и делиберација??? За колку време мислите, драги студенти, дека се пишува закон? За две недели, за еден месец? Ок, може – ама ќе биде ЛОШ, ќе биде импровизација – бидејќи дури и професорите од правен факултет немаат ready made засконски текстови!! Закон во вонредни околности не се носи – дури и кога тие околности се вака возбиудливи како окупацијата!
Четврто, окупацијата нека стане начин на дејствување на СП и ПП во слободното време. Нека СП отвори и други прашања кои ги засегаат студентите, а не само државниот испит. И конечно, окупацијата/ослободувањето не смее да е насочено исклучиво кон властите, бидејќи за многу состојби на универзитетот сме виновни сите ние – и студенти и професори и деканати и ректорати и администрација… Петто, кога повикавте на донации за поплавените подрачја, тоа беше прекрасен израз на солидарност и емпатија! Простете, ама не гледам зошто сега барате солидарност и донации на граѓаните за автономните зони? Ниту сте вие под опсада, ниту сте во затвор, ниту сте загрозени од било што… Ректорот е во право кога зборува за тоа дека од УКИМ е создадено нешто што веќе наликува на бегалски камп (ова се мои зборови). Ние ќе застанеме зад вашите барања за подигнување на студентскиот стандард, ама немојте без потреба да барате вреќи за спиење! Ова не е време за спиење, туку за работа! За читање закони, анализи, драфтување решенија… – додава таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top