Повеќе рибарски мрежи во вкупна должина од стотина метри, седум килограми риба – охридска пастрмка и повеќе парчиња риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени овој месец од водите на Охридското Eзеро при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор.
Притоа согласно Законот за рибарство и аквакултура, против три лица поднесени се кривични пријави. Според полициското соопштение, во истиот период езерската полиција регистрирала вкупно три прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Поради тоа поднесени се прекршочни пријави за управување пловен објектна Охридското Езеро во време кога има ограничена пловидба на чамци и скутери на природните езера во Република Македонија, управување со пловен објект без уверение и без пловидбени дозволи како и поради необележаност на пловниот објект на видно место со регистарска ознака.
Поради необележаност на рибарските мрежи со жиг од Државниот инспекторат за земјоделие како и поради необележаност на пловните објекти, истите се одземени за што е запознат и јавниот обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре


