| четврток, 6 декември 2018 |

На плажите на Реунион, нов смртоносен напад на ајкула

ајкула

Една дваесетгодишна жена почина синоќа на францускиот остров Реунион во Индискиот Океан, откако ајкула и ја откинала ногата од ајкула во непосредна близина на плажата Етанг-Сале на југот од островот, јави дописникот на МИА од Париз.

Младата жена според сведоците, била нападната од ајкулата додека се капела близу од брегот. На 26 октомври минатата година на речиси истото место беше нападнат 23-годишен маж, при што ајкула му ја откина едната нога до над колено.

Според утврдените процедури, француските власти на островот, предвидуваат операција на лов на ајкули во близината на местото на нападот. Три бродови се мобилизирани во обид да се фати ајкулата –убиец.

Драмата се случи, во момент кога властите на островот забранија капење и наутички активности се до 15 февруари 2016 година, надвор од лагуната Коралска бариера и надвор од сите набљудувани плажи, поради ризици од напади од ајкули.

Пред вчеаршниот напад и нападот од 26 октомври, на 22 јули беше забележан друг напад од ајкула на југозапад од островот, откако еден сурфер беше нападнат и гризнат од ајкула на подколеницата и десниот зглоб од раката. Но, него му беше пружена помош навреме.

Претходно за само две години се забележани единаесет напади на ајкули на островот Реунион, од кои пет беа смртоносни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top