| четврток, 6 декември 2018 |

Притворени 17 турски полицајци обвинети за прислушување

полиц

Турски суд им одреди мерка притвор на 17 полицајци под обвинение за незаконско прислушување на политичари, државни службеници и бизнисмени.

Осомничените се дел од групата од 21 полицаец кои беа уапсени пред една недела во рамки на акцијата што ја иницираше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган против приврзаниците на неговиот политички ривал Фетулах Ѓулен, вработени во државните структури.

Преостанатите четворица полицајци од групата се пуштени на слобода до почетокот на судењето, но им е забаранто да ја напуштат Турција.

Сите 21 полицајци се осомничени дека биле дека од структура што наводно сакала да ја урне Владата. Тие се обвинети за прислушување, регистирање лични податоци, непочитување на правото на личен живот и за формирање терористичка организација.

Еден од адвокатите на полицајците, Омер Турнали оцени дека ваквите обвинеиија не биле подготвени во „судската сала, туку во мрачни тунели“. – Овие судии и адвокати едноставно ги играат своите улоги како во театар – нагласи Турнали.

Турските власти ги обвинуваат проврзаниците на муслиманскиот проповедник Ѓулен во полицијата и судскиот систем дека формирале „паралена држава“ со цел да ја урнат легитимно избраната Влада и дека за таа цел во декември 2013 година го „исценирале“ скандалот со корупција на владини министри и луѓе блиски до владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Лани во декември турски Суд издаде налог за апсење на Ѓулен под обвиние дака раководел со криминална организиација, а на почетокот на месецов властите го поништија неговиот пасош.

Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД, ги отфрла ваквите обвинувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top