| четврток, 6 декември 2018 |

Италија со иницијатива за антиисламистичка коалиција за Либија

италија

 

Италија е подготвена да испрати неколку илјади војници во Либија, кои би ја предводеле меѓународната коалиција за борба против исламистите во оваа северноафриканска држава, изјави италијанскиот министер за одбрана Роберта Пиноти во интервју за весникот „Месаџеро“.

– Италија е подготвена да раководи со коалиција составен од држави од регионот и европски и афикански земји, што ќе го спречи ширењето на Калифатот, кој се доближи на 350 километри до нашиот брег – нагласи Пиноти.

Таа истакна дека Италија, која испрати 5.000 војници во Авганистан, мора да биде подготвена да стационира поголем број војници во земја која е поблиску до нејзината територија и во која случувањата предизвикуваат поголема загриженост во Рим.

 Пиноти најави дека ваквата идеја шефот на италијанската дипломатија Паоло Џентилони ќе ја презентира пред членовите на Парламентот на Италија, кои би требало да донесат одлука за евентуална ваква мисија.
– Треба да бидеме присутни во Либија, како што се вмешавме во Ирак за да им помогнеме на храбрите курдски борци – рече Пиноти.

Иницијативата на Пиноти следува откако во четвртокот групи блиски до џихадистичката организација Исламска држава презедоа контрола врз либискиот град Сирт, кој е главна артерија за извоз на нафта од Либија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top