Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, утре во Загреб, ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
За време на престојот во Загреб, шефот на државата исто така ќе има средба со хрватската претседателка.
Покрај македонскиот претседател, на инаугурацијата на новоизбраната хрватска претседателка се очекува и присуство на претседателите на Словенија, на Албанија, на Косово, на Унгарија, на Словачката Република, тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, претседателот на Сенатот на Чешката Република и претседателот на Собранието на Република Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.