Дел од ИПАРД средствата најверојатно ќе бидат пренаменети за санирање на штетите од поплавите информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.
Како што рече Цветков, веќе се преговара со Светска банка, како и со други меѓународни финансиски институции за обезбедување помош за чистење на каналите, браните и акумулациите.
На последната владина седница е донесена одлука за чистење на Црна Река во должина од 48 километри. Ќе се вложат максимални напори за да им помогнеме на земјоделците, нагласи Цветков одговарајќи на новинарско прашање по денешното симболично закројување на лозовите насади на винарската визба „Тиквеш“ по повод празникот Свети Трифун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


