Ветеранот на американското новинарство и долгогодишен новинар на „Њујорк тајмс“, Дејвид Кар почина во четвртокот во редакција откако му се слошило. Педесет и осумгодишниот Кар почнал да работи во редакцијата на весникот во 2002 година, а пишувал текстови за состојбата на медиумите и нивната еволуција воопшто.
Ја напишал книгата „Ноќ на пиштолите“, којашто е објавена во 2008 година. Ова дело се негови мемоари во коишто го опишува закрепнувањето од зависноста од дрога.
Неколку часа пред ненадејната смрт, Кар заедно со колегите Глен Гринвалд и Лора Поитрас по сателитски пат го интервјуирале Едвард Сноуден, човекот што откри документи за следењето на ЦИА.
Зад себе ја остави својата сопруга и трите ќерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.