| четврток, 6 декември 2018 |

Македонското знаме прогласено за најубаво во светот

 

знаме

Македонското знаме e со најубав изглед во светот, според изборот што го организираше канадскиот весник „Прованс“.

Знамето на Македонија освои најмногу гласови, а во финалето го победи  британското знаме. Во  натпреварот, што се спроведе во изминатите три недели,  учествуваа националните обележја на 64 земји.

Актуелното знаме на Република Македонија се користи од 1995 година, по потпишувањето на спогодбата со Грција, како замена за знамето со шеснаесеткракото сонце.

Знамето е составено од црвена позадина на која има златно сонце, со осум сончеви краци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден наспрема два.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top