
Светската ракометна организација (ИХФ) го објави списокот со кандидати за најдобри ракометари во светот за 2014 година. Меѓу петтемината номинирани го нема капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, кој е член на Барселона.
Номинирани ракометари:
1. Никола Карабатиќ (Франција, Барселона),
2. Тиери Омејер (Франција, ПСЖ),
3. Микел Хансен (Данска, ПСЖ),
4. Домагој Дувњак (Хрватска, Кил) и
5. Хоан Канељас (Шпанија, Кил).
Во женска конкуренција:
1. Кристина Неагу (Романија, Будуќност),
2. Изабеле Гулден (Шведска, Виборг),
3. Едуарда Аморим (Бразил, Ѓер),
4. Марта Манге (Шпанија, Флори Лоире) и
5. Хајди Локе (Норвешка, Ѓер).
Најдобрите ќе бидат одредени по пат на гласање кое трае до 20 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


