
Русија денеска и одреди на својата Црноморска флота, воена единица на Крим, да ја тестира воената готовност, јави ТАСС.
– За време на вежбите ќе ја процениме ефикасноста на воената команда, поморските сили со кои располага, како и воздушната одбрана и крајбрежните единици на флотата – рече генерал-полковник Александар Галкин.
Галкин додаде дека тестирањето ќе го поминат единиците во рамки на Црноморската флота која има 11.000 војници, вклучувајќи поморски и воздушни постројки околу градовите Севастопољ и Симферопољ на Крим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


