| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Албанците масовно го напуштаат Косово „како по команда“?

Масовните миграции на Албанците од Косово во земјите во ЕУ во последните шест месеци се организирани и разработени во најситни детали, се со цел косовските власти да ги избегнат социјалните немири.

Податоците на приштинските медиуми, според кои помеѓу 60.000 и 100.000 луѓе во изминатите 6 месеци си заминале од Косово, привлекуваат огромно внимание кај српските институции, како и кај самите Албанци од Косово, а тука се сознанијата и за ненадејните масовни илегални миграции и барања за азил во Европа.

Според одредени тврдења на луѓето, косовската влада не прави никакви напори да ја спречи миграцијата на Албанците во ЕУ, само затоа што тоа е единствениот начин да се сочува социјалниот мир во Косово.

– Во Косово животниот стандард е значително понизок отколку во остатокот од Србија. Европа бара се повеќе од властите, па повеќе нема да биде можно да се купува мирот така што луѓето нема да плаќаат струја, слободно ќе се занимаваат со шверц и слично – изјавил неименуван извор близок до српските служби.

Според него на иселување особено е поттикнат средниот слој од населението, кој се погласно се буни поради ваквата состојба.

– Во текот на есента на социјалните мрежи како вируси започнаа да се шират информации за можностите за иселување во ЕУ – додал истиот извор.

Така, на социјалните мрежи е презентирана информацијата дека “Германија, Швајцарија и Франција ги отвориле своите врати за мигрантите од Косово”, а потоа следеле и приказните дека голем број на Албанци кои отишле таму веќе “обезбедиле подобра иднина за децата.

Исто така, понуден е и начин за пристигнување до овие земји, како и посочување на луѓето кои што можат да помогнат и бројни слични детали. Потоа на социјалните мрежи била потенцирана и информацијата за тоа дека ураниумот кој бил фрлен во текот на НАТО бомбардирањето ќе предизвика дополнителен пораст на морталитетот. 

Директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ синоќа навел дека воопшто не се ни сомнева во податокот дека миграцијата е организирана, ако се има во предвид фактот дека кај мигрантите била пронајдена поголема, но идентична сума на пари, а станувало збор за членови од средниот слој на населението, со деца. Оваа информација ја потврдиле и самите Албанци во Приштна. 

– Мои три познаници го напуштија Косово, иако не живеа на работ на сиромаштијата, туку едноставно сакаа подобар живот за себе и своите најблиски. Доста им е од изолираноста, па дури и ако имаат работа, луѓето се слабо платени. Затоа сите ја користат можноста да си заминат затоа што не е тешко сега да се помине границата, а за тоа доказ е и бројката на луѓе на кои што тоа им успеа – изјавил Уран Хаха.  

Еден од другите соговорници, чии што браќа веќе си заминале од Косово, истакнал дека ако луѓето не си заминат, на Косово ќе се кренат големи немири поради незадоволството од животот таму. 

Не е лесно да оставиш се и да си заминеш, да ги отпишеш децата од училиште. Ја прашувам владата како да го оставам детето тука ако знам дека во иднина нема да има работа? Имам јас тука работа, но немам плата од која што можам да живеам. Ние немаме основни средства за нормален живот и тоа е целата поента на приказната”, додал соговорникот. 

Според статистиката, во Приштина дури 18% од граѓаните живеат во екстремна сиромаштија, а невработеноста изнесува повеќе од 60%!

Извор: BLIC

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top