Американски научници направиле симулација на климатските услови конкретно за деценијата која доаѓа, а резултатите до кои дошле се застрашувачки.
Централниот и југозападниот дел на САД се соочува со невидени суши, какви што немало на континентот во последните 1.000 години. Местата како Калифорнија веќе имаат проблеми со сувата клима, но условите се неспоредливи со тие во 12-от век. Американските научници ги споредиле претходните суши со симулација на климатските услови во деценијата која доаѓа, и дошле до загрижувачки резултати.
Истражувањето сугерира дека климатските промени и екстремниот недостиг на дожд во тие области ќе биде без преседан, споредувајќи ги со оние од пред еден милениум.
“Овие мега суши во текот на 1100-тите години траеле и по 50 години без престан. Тоа никој од нас во САД не го доживеал”, нагласува професор Бен Кук од институтот “Годард” во рамките на НАСА.
“Луѓето во Калифорнија и централна Америка сушите ги сметаат за појави кои се поблаги од тие кои ги споменав. Денешните суши траат по неколку години, и тоа е природна состојба. Замислете сушата да трае 5-6 децении”, се надоврзал професорот.
Меѓу американските научници веќе владее мислење дека американскиот континент од северен Тексас до Дакота ќе биде соочен со суша која ќе биде последица на големото оштетување на озонската обвивка.
Др. Кук отишол и чекор понапред, и направил симулација на природните варијабли, кои би можеле да влијаат на климатскиот систем.
Заклучоците до кои дошле тој и неговиот тим се следниве: По 2050-тата година, југозападниот и централниот дел на САД, ќе достигнат во фаза слична на таа од 12-от и 13-от век, која е наречена “Средновековна климатска аномалија”.
Причините за влошувањето на климатските услови ќе биде недостигот на дождови, и големото испарување од земјата при високи температури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.