Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е познат по своите контрадикторни изјави. Во случајот „Пуч“ кажа низа работи, за по кратко време да ги промени работите и да даде сосема спротивни изјави. Тој тврди дека материјалите што ги најавува како „бомби“ и кои ги има ги преслушувал сам, сам решавал што ќе се објави што не. Но логиката не е на негова страна.
Зоран Заев влеа страв кај македонските граѓани кога обелодени дека има материјали од прислушувани разговори на 26.000 луѓе, а 300 од разговорите се само од него. Според негова изјава во текот на последните 4 – 5 месеци откако ги добил документите самиот ги читал и решавал дали во некои од нив имало кривични дела или противправни дејства. Заев не кажа колку точно документи има, но тврди дека тие не можат да бидат изброени, што за него не е проблем затоа што тој успеал сите да ги прочита, да ги анализира и да процени кој е виновен а кој е невин. Еден разговор нека трае 2 минути, иако тоа се можеби и најкратките разговори. Ако од Заев има 300 разговори кои траат по 2 минути, тогаш од неговите разговори има 10 часа материјал. Ако е точно дека поседува материјал за 26.000 лица и со нивните разговори да го пресметаме минимумот.
За слушање на материјалите на едно лице, според минимум траење на разговорите, трошел по 10 часа. 26.000 лица по 10 часа е материјал од 260.000 часови. Тоа се неверојатни 29,6 години кои се потребни да се преслушаат сите материјали кои Заев тврди дека ги слушал сам. Тоа се 30 години посветени само на разговори – без да јаде, без да спие, без да излезе, без да пишува или куца, без да работи…само да слуша материјали! Заев не кажа колку точно документи има во посед но тврди дека тие не можат да бидат изброени што за него не било е проблем затоа тој успеал сите да ги прочита, да анализира и да процени кој е виновен а кој е невин.Тој стана сериозен кандидат за иден член на Македонската Академија на науките и уметностите или МЕНСА (Меѓународната асоцијација на луѓе со натпросечна интелигенција) .
Откако влеа страв кај македонските граѓани, заканувајќи се дека поседува материјали за голем број од нив, Заев единственото што го постигна е да внесе чувство на терор и закана кај оние од кои очекува утре да добие глас на избори.
Но, одлучи да продолжи со закани. Тој им предочи и на своите сопартијци и коалициони партнери дека поседува материјали и за нив, со што директно ги држи под уцена. Тој им вели нив дека и тие биле “ставени на машина“.
-Некои лидери се менувале, па нов е ставен претседател на помалите политички партии, Бранко Црвенковски бил исто така долг период. Јас, Радмила, Стево Пендаровски гледам дека сме во еден сличен период ставени на машина, јас го нареков тоа машина, претпоставувам тоа е некоја машина што го прави тоа. Кога дефиниравме дали Заев или Радмила ќе биде мандатор за Влада 2011 година, месец дена претходно се правеа анкети, а Стево беше дел од тимот на Радмила Шеќеринска заедно со Зоран Јовановски во тоа време, а уште неколку членови на тогашното раководство на СДСМ. Но тука е Тито Петковски, Андреј Жерновски, Јово Манасиевски, Љупчо Георгиевски, Љубе Бошковски и така натаму, рече синоќа Заев во своето гостување во Алсат.
Лидерот на опозицијата неколку пати досега спомна дека во раце држи и материјали против новинари. Тоа го повтори уште еднаш во изјавата за Алсат М. Рече дека уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ-Латас е прислушкуван дури и повеќе од него.
Зоран Заев многумина „држи под нишан“. Тој постојано го зголемува бројот на лица за кои тврди дека поседува материјали. Тоа е држење под уцена и со тоа може само да внесе страв кај повеќе граѓани и лица од јавниот живот, а уште не е јасно како тоа на крај ќе го искористи против нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст