Загриженост за последните настани во Република Македонија, особено, како што вели, неодговорното однесување на опозицијата денеска изрази Андреа Ригони, пратеник во Парламентот на Италија упатувајќи притоа и повик кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да го преиспита обвинувањето кон Владата.
– Би сакал да ја изразам мојата загриженост во врска со последните настани во Република Македонија, особено со однос на неодговорното однесување на политичката опозиција во државата. Почитувањето на владеењето на правото е суштински поврзано со почитувањето на демократијата и фундаменталните права. Затоа, го повикувам Зоран Заев, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, да ги преиспита неговите обвинувања кон Владата на Република Македонија, бидејќи никој не може да биде виновен, освен ако е обвинет врз основа на законот, вели Ригони, кој е и член на Комитетот за надворешни работи на Парламентот на Италија и потпретседател на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) во ПС на Совет на Европа, член на Партијата на демократите на Република Италија на Премиерот Матео Ренци.
Додава дека политички мотивираното однесување не е прифатливо во која било форма или облик во демократијата.
– Оттука, заканите од страна на лидерот на опозицијата во Македонија кон претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски не се соодветен начин да се изрази соодветна критика кон Владата на Република Македонија. Само политичките аргументи и политичките програми, поддржани од страна на граѓаните, се единствените демократски начини да се добијат изборите во демократските држави, посочува Ригони.
Демократијата и почитувањето на фундаменталните права, вели тој, постојат единствено кога се почитува владеењето на правото.
– Според мое мислење, политиката треба да биде дебата на различни мислења и идеи за кои треба да се стекне согласност и поддршка од граѓаните во една слободна и демократска атмосфера, посочува италијанскиот парламентарец.
Конечно, додава Ригони, би сакал ја истакнам важноста на политичкиот дијалог во решавањето на конфликтите и да ги повикам двете страни и опозицијата и Владата на Република Македонија да бидат одговорни во рамките на демократските правила на политичкиот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст