| четврток, 6 декември 2018 |

ОНЕ и Т-хоум демантираат: Програмата на „Алсат-М“ не била исклучена за време на интервјуто со Заев

5203.w

ОНЕ во чија сопственост е платформата ЗУЛУ, а која се емитува преку интернет порталот Он.нет, најостро ги демантира шпекулациите на одредени медиуми дека вчера, програмата на „Алсат М“ била исклучена од ЗУЛУ во периодот кога е емитувано интервјуто на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и информира дека во наведениот период програмата на „Алсат М“ корисниците на овој сервис непречено ќе ја следат.

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ апелира до сите медиуми пред објавувањето информации во врска со ОНЕ да се обратат до службата за односи со јавност на компанијата за да се обезбеди точно и веродостојно информирање на јавноста, се вели во демантот на ОНЕ.

И Македонски телеком ги демантира шпекулациите објавени во медиумите дека во текот на вчерашниот ден имало изолиран проблем со гледање на Алсат М телевизија преку web.maxtv.mk.

Ја информираме јавноста дека не станува збор за проблем со платформата на Македонски телеком, туку дека се работи за технички пречки во приемот на сигналот од телевизијата Алсат М на платформата на web.maxtv.mk кои сѐ уште не се отстранети. Екипи од телевизијата „Алсат М“ работат на решавање на проблемот, а стручни лица од Македонски телеком им се постојано на располагање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top