| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко не верува дека ќе се почитуваат мировните договори

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека новите договори постигнати во Минск даваат надеж за политичко решавање на конфликтот во источниот дел на Украина, но дека не е убеден оти тие ќе се спроведуваат.

– Не треба никој да има илузии и не сакам да оставам впечаток на наивен човек. До мир има уште многу. Цврсто верувам дека никој не е сигурен дека ќе се почитуваат условите од Минск – истакна Порошенко, обраќајќи им се на припадниците на Националната гарда.

Според него, со силна поддршка од меѓународната заедница и целосна јасна позиција на партнерите од ЕУ, постигнати се договори кои влеваат надеж дека случувањата во доњецката област од насилство ќе преминат во фаза на политичко решевање.

Порошенко нагласи дека карактеристика на овие договори во Минск е во тоа што преговорите се одржани непосредно со учество на претставници од земји на ЕУ, како и претседателот на Русија, Владимир Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top