| четврток, 6 декември 2018 |

Нетолерантноста кај македонските студенти e опасност за ширење радикализaм

Ре­ли­ги­ја­та од стра­на­та на обич­ни­те лу­ѓе се сме­та за ви­сти­на, од му­дри­те за ла­га, а вла­де­те­ли­те ја сме­та­ат за ко­рис­на. (Се­не­ка)

По­ја­ва­та на ра­ди­ка­лиз­ми од раз­ли­чен об­лик е за­си­лен при­каз на со­вре­ме­ни­те по­ли­тич­ко-без­бед­нос­ни ре­ла­ции на гло­бал­но ни­во. И Ма­ке­до­ни­ја не прет­ста­ву­ва иск­лу­чок. По­ја­ва­та на ком­би­на­ци­ја на ре­ли­ги­ски­от и на по­ли­тич­ки­от, ка­ко и на ет­нич­ки­от ра­ди­ка­ли­зам, е сил­но изра­зе­на во зем­ја­ва. На­уч­на­та пуб­ли­ка­ци­ја „Кри­зи­те на мо­дер­ни­от свет – ре­ги­о­нал­ни и гло­бал­ни пре­диз­ви­ци за ли­бе­рал­на­та де­мо­кра­ти­ја нас­про­ти ре­ли­ги­оз­ни­от фун­да­мен­та­ли­зам“ истра­жу­ва на кое ни­во се упо­тре­бу­ва ре­ли­ги­ски­от ра­ди­ка­ли­зам ка­ко ала­тка за ос­тва­ру­ва­ње на по­ли­тич­ки­те це­ли изра­зе­ни пре­ку по­ли­тич­ки­от ра­ди­ка­ли­зам. Мла­ди­те истра­жу­ва­чи ве­лат де­ка ток­му кон­цеп­тот за ос­тва­ру­ва­ње на по­ли­тич­ки­те це­ли и до­жи­ве­а­ни­те фру­стра­ции при нив­но­то не­ос­тва­ру­ва­ње го про­из­ве­ду­ва­ат по­ли­тич­ки­от ра­ди­ка­ли­зам, кој, пак, од сво­ја стра­на, прет­ста­ву­ва дви­жеч­ки по­тен­ци­јал за соз­да­ва­ње на дру­ги­те ви­до­ви ра­ди­ка­лиз­ми.

– Не­ос­пор­но е де­ка ре­ли­ги­ски­от ра­ди­ка­ли­зам мо­же да би­де иск­лу­чи­тел­но сил­на ала­тка. Ова осо­бе­но е ка­ра­к­те­ри­стич­но за Бал­ка­нот ка­ко ре­ги­он, до­кол­ку има­ме пред­вид де­ка, глав­но, на­ци­о­нал­ни­те иден­ти­те­ти се во ос­но­ва ре­ли­ги­ски иден­ти­те­ти, а тоа го за­си­лу­ва по­тен­ци­ја­лот за упо­тре­ба на ре­ли­ги­ски­от ра­ди­ка­ли­зам – ве­лат мла­ди­те истра­жу­ва­чи во пуб­ли­ка­ци­ја­та, ко­ја е во из­да­ние на Ин­сти­ту­тот „Рес­Пуб­ли­ка“ на Прав­ни­от фа­кул­тет „Ју­сти­ни­јан Пр­ви“, при Уни­вер­зи­те­тот „Св. Ки­рил и Ме­то­диј“ и Фон­да­ци­ја­та Ко­нрад Аде­на­у­ер со се­ди­ште во Скоп­је.

aktuelno127-2-2

Свр­ту­ва­ње кон „но­ви пле­ми­ња“

– Ет­нич­ка­та пре­род­ба, ко­ја е сè по­до­ми­нант­на во пос­лед­ни­те де­це­нии, вли­јае врз ет­ни­за­ци­ја­та на ци­вил­но­то оп­штес­тво. Про­цес што се за­ка­ну­ва да ја пре­тво­ри де­мо­кра­ти­ја­та во ет­но­кра­ти­ја. Ци­вил­но­то оп­штес­тво ме­сто да соз­да­ва ин­ди­ви­дуи гра­ѓа­ни, соз­да­ва ин­ди­ви­дуи што се по­бор­ни­ци на ко­ле­ктив­ни пра­ва и гру­пен иден­ти­тет. Со­о­че­ни сме со гру­пи ин­ди­ви­дуи, кои се од­да­ле­чу­ва­ат од цел­та да пре­рас­нат во гра­ѓа­ни и, во пре­ден план, ја ста­ва­ат ло­јал­но­ста кон сво­јот ет­нос. Тоа мо­же да се де­фи­ни­ра ка­ко при­мор­ди­јал­на ло­јал­ност и свр­ту­ва­ње кон со­стој­ба на „но­ви пле­ми­ња“ (три­ба­ли­зам). Ци­вил­но­то оп­штес­тво, не­сом­не­но, е вр­за­но и со по­сто­е­ње­то на се­ку­лар­но­ста. Па­ра­фра­зи­рај­ќи го Карл Шмит де­ка по­ли­ти­ка­та е се­ку­ла­ри­зи­ра­на те­о­ло­ги­ја, а ис­ла­мот e ин­ком­па­ти­би­лен со се­ку­лар­но­ста (со иск­лу­чок на зем­ји­те што соз­да­ле се­ку­лар­ни ре­пуб­ли­ки), ка­де што ме­сто соз­да­ва­ње ци­вил­но оп­штес­тво, се соз­да­ва­ат ка­ли­фа­ти, ци­вил­но­то оп­штес­тво се со­о­чу­ва со уште еден пре­диз­вик, а тоа се иден­ти­тет­ски­те пра­ша­ња и вер­ски­те убе­ду­ва­ња – ве­ли Иван Ива­нов, еден од истра­жу­ва­чи­те од ти­мот пред­во­ден од до­цент д-р Иван­ка До­дов­ска.

aktuelno127-2-4

До­цент д-р Иван­ка До­дов­ска

Тој ко­мен­ти­ра де­ка во Ма­ке­до­ни­ја дој­де до израз ет­ни­за­ци­ја­та на ци­вил­но­то оп­штес­тво за­тоа што нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции се фор­ми­ра­ат нај­че­сто и врз ет­нич­ка ос­но­ва. Тоа не ја по­ди­га све­ста за гра­ѓанс­тво и све­ста за за­ед­ни­ца­та ка­ко це­ли­на, ту­ку го отеж­ну­ва јав­ни­от ди­ја­лог, што по­доц­на се одра­зу­ва и врз ра­бо­та­та на ин­сти­ту­ци­и­те.

aktuelno127-2-3

Вер­ска не­тр­пе­ли­вост кај мла­ди­те

Истра­жу­ва­ње­то на ти­мот по­а­ѓа од ан­ке­та за ме­ре­ње на ста­во­ви­те на сту­ден­ти­те од Хр­ват­ска и на сту­ден­ти­те од Ма­ке­до­ни­ја. По­ве­ќе од два­на­е­сет про­цен­ти од ма­ке­дон­ски­те сту­ден­ти не се сог­ла­су­ва­ат да ра­бо­тат на за­ед­нич­ки про­е­кти со сту­ден­ти­те од дру­га на­ци­о­нал­на и вер­ска при­пад­ност. Про­цен­тот кај хр­ват­ски­те сту­ден­ти е ну­ла.Нас­про­ти ова, по­ве­ќе од 85 про­цен­ти од сту­ден­ти­те Хр­ва­ти би ра­бо­те­ле за­ед­нич­ки про­ект со лу­ѓе од дру­га на­ци­о­нал­на или вер­ска при­пад­ност. Од ма­ке­дон­ски­те сту­ден­ти, тоа би го на­пра­ви­ле 70 про­цен­ти. Рам­но­душ­но­то од­не­су­ва­ње е нај­и­зра­зе­но кај Ма­ке­дон­ци­те со 17,1 про­цен­ти. Истра­жу­ва­чи­те ве­лат де­ка сту­ден­ти­те во Ма­ке­до­ни­ја по­ка­жу­ва­ат за­бе­леж­лив про­цент на не­то­ле­рант­ност, што прет­ста­ву­ва суп­страт за соз­да­ва­ње ре­ли­ги­ски и на­ци­о­на­лен ра­ди­ка­ли­зам ка­ко ала­тка за по­ли­тич­ки ра­ди­ка­ли­зам.

Ду­ри 41,5 про­цен­ти од сту­ден­ти­те Ма­ке­дон­ци се рам­но­душ­ни за пра­ша­ње­то да­ли би при­фа­ти­ле за­ед­нич­ко­то жи­ве­е­ње со сту­ден­ти од дру­га на­ци­о­нал­на и вер­ска при­пад­ност. Ед­на че­твр­ти­на од нив, ду­ри 26,8 про­цен­ти, не се сог­ла­су­ва­ат да жи­ве­ат со не­кој што не е од нив­на на­ци­о­нал­на или вер­ска при­пад­ност. Нас­про­ти ова, 4,9 про­цен­ти од хр­ват­ски­те сту­дент се из­јас­ни­ле де­ка не­ма­ат проб­лем да жи­ве­ат со не­кој што не е од иста ве­ра.

– Ова по­ка­жу­ва де­ка во Ма­ке­до­ни­ја по­стои кри­тич­на ма­са на мла­ди лу­ѓе кај кои мо­же да се вли­јае во на­со­ка на под­др­шка на на­ци­о­на­лен и ре­ли­ги­ски ра­ди­ка­ли­зам – сме­та­ат истра­жу­ва­чи­те.

Ис­пи­та­ни­ци­те со пра­вос­лав­на ве­ро­ис­по­вед ни­во­то на за­гро­зе­ност од ре­ли­ги­ски ра­ди­ка­ли­зам го сме­сту­ва­ат во гор­на­та по­ло­ви­на на ска­ла­та, приб­лиж­но ед­на тре­ти­на од ис­пи­та­ни­ци­те сме­та­ат де­ка е на не­кое сред­но ни­во, до­де­ка 10 про­цен­ти сме­та­ат де­ка е изра­зе­но ви­со­ко ни­во­то на за­гро­зе­ност. 44,4 про­цен­ти или ед­на по­ло­ви­на од ис­пи­та­ни­ци­те од мус­ли­ман­ска ве­ро­ис­по­вед сме­та­ат де­ка ре­ли­ги­ски­от ра­ди­ка­ли­зам во Ма­ке­до­ни­ја прет­ста­ву­ва сред­но ни­во на за­гро­зе­ност за без­бед­но­ста. Ка­ра­кте­ри­стич­но е тоа што са­мо 11,1 про­цен­ти од ис­пи­та­ни­ци­те мус­ли­ма­ни да­ле пер­цеп­ци­ја за по­ви­со­ко ни­во на за­гро­зе­ност.

– Гле­дај­ќи спо­ред ре­ли­ги­оз­на­та при­пад­ност на ис­пи­та­ни­ци­те, вни­ма­ние прив­ле­ку­ва­ат од­го­во­ри­те на ис­пи­та­ни­ци­те мус­ли­ма­ни, кои ре­ли­ги­ски­от ра­ди­ка­ли­зам не го пер­це­пи­ра­ат ка­ко изра­зе­на за­ка­на врз без­бед­но­ста на зем­ја­ва и за­гро­зу­ва­ње на лич­на­та и на јав­на­та без­бед­ност – ко­мен­ти­ра­ат истра­жу­ва­чи­те и до­да­ва­ат де­ка ток­му ре­зул­та­ти­те до­би­е­ни од овој пре­сек на истра­жу­ва­ња­та ука­жу­ва­ат на по­сто­е­ње­то кри­тич­на ма­са мла­ди лу­ѓе во зем­ја­ва, кои мо­жат по­ра­ди сво­ја­та изра­зе­на со­ци­јал­на ди­стан­ца да би­дат упо­тре­бе­ни за спро­ве­ду­ва­ње по­ли­тич­ка не­то­ле­рант­ност зас­но­ва­на врз ре­ли­ги­ски иден­ти­тет.

aktuelno127-2-5

По­греш­но сфа­ќа­ње на по­и­ми­те

Ма­ги­стер Ива­на Ата­на­со­ска, ед­на од учес­нич­ки­те во ова истра­жу­ва­ње, ве­ли де­ка кон­цеп­тот на мул­ти­кул­ту­ра сам по се­бе не мо­же да се оце­ни по­зи­тив­но или не­га­тив­но. Спо­ред неа, бит­на е не­го­ва­та при­ме­на во оп­штес­тво­то, кои мул­ти­кул­тур­ни вред­но­сти и пра­кти­ка се при­мен­ли­ви во да­де­но­то оп­штес­тво и има­ат по­тен­ци­јал да го уна­пре­дат, а кои вред­но­сти и пра­кти­ка мо­же да до­ве­дат до ин­тен­зи­ви­ра­ње на оп­штес­тве­ни­те проб­ле­ми и да има­ат не­га­ти­вен ефект.

Мар­тин Бу­зал­ков­ски, ап­сол­вент на прав­ни­от фа­кул­тет и дип­ло­ми­ра­ни­от по­ли­ти­ко­лог Са­ра ал-Бан­дер го по­со­чу­ва­ат по­греш­но­то сфа­ќа­ње на тер­ми­ни­те. Ве­лат ис­лам­ски­от фун­да­мен­та­ли­зам во сво­ја­та су­шти­на го оз­на­чу­ва дос­лед­но­то вра­ќа­ње кон ви­стин­ски­те ре­ли­ги­ски из­во­ри и те­ме­ли, ка­де што се по­драз­би­ра бу­квал­но­то сфа­ќа­ње и при­фа­ќа­ње­то на Ку­ра­нот. Ис­лам­ски­от фун­да­мен­та­ли­зам еми­нент­но е по­ли­тич­ки на­стро­ен, иа­ко не­го­ва­та мо­ти­ва­ци­ја е чи­сто вер­ска. Оз­на­чу­ва пра­вец во на­у­ка­та, во кој ис­лам­ски­те те­о­ло­зи ги истра­жу­ва­ат из­во­ри­те и фун­да­мен­ти­те на ис­ла­мот, од­нос­но Су­на­та и Ку­ра­нот, и тие во ни­кој слу­чај не сме­ат да се по­и­сто­ве­ту­ва­ат со ра­ди­кал­ни­те гру­пи (Ха­мас, Ис­лам­ска­та др­жа­ва, Ал Ка­е­да), кои про­па­ги­ра­ат и ши­рат омра­за и на­силс­тво, а се на­ре­ку­ва­ат фун­да­мен­та­ли­стич­ки. „Вер­ски­от ра­ди­ка­ли­зам“, кој за­пад­ни­те др­жа­ви го иден­ти­фи­ку­ва­ат со „ис­лам­ски­от ра­ди­ка­ли­зам“, прет­ста­ву­ва еден од нај­о­пас­ни­те ви­до­ви на ма­ни­фе­ста­ци­ја на те­ро­риз­мот.

– Вер­ски­от фун­да­мен­та­ли­зам прет­ста­ву­ва тер­мин што се од­не­су­ва на раз­лич­ни­те по­ли­тич­ки иде­о­ло­гии и дви­же­ња, кои на­сто­ју­ва­ат це­ли­от оп­штес­твен жи­вот да го усог­ла­сат со дос­лед­на ин­тер­пре­та­ци­ја на одре­де­ни ре­ли­ги­ски до­ктри­ни. На­ша­та жел­ба за соз­да­ва­ње ед­на уни­вер­зал­на перс­пе­кти­ва е огра­ни­че­на од не­по­сто­е­ње­то стру­кту­ра при се­кој обид за кон­крет­но­то де­фи­ни­ра­ње на фун­да­мен­та­лиз­мот. Со тоа, фун­да­мен­та­лиз­мот нај­оп­што мо­же­ме да го де­фи­ни­ра­ме ка­ко дви­же­ње што е ра­ди­кал­но во пог­лед на не­го­ви­те це­ли, ек­стрем­но во пог­лед на не­го­ви­те ме­то­ди и бу­квал­но во од­нос на др­же­ње­то до пи­ша­ни­те ре­ли­ги­ски из­во­ри – ве­лат тие.

 

(Пишува: Билјана Зафирова
Текст објавен во 127. број на неделникот „Република“, 6.02.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top