| четврток, 6 декември 2018 |

Инвестираш околу 12.000 евра, добиваш 41.000 евра

Пиперчињата чили се сметаат за кралици на пиперките бидејќи иако се мали, во нив е концентрирана голема количина лут вкус, пикантни се и се незаобиколен дел на секое јадење на љубителите на лутото.
Пиперките чили се дел од семејството цапсицум (Capsicum). Потекнуваат од Мексико, каде што се одгледувале уште пред 9.000 години. Освен во Мексико, се одгледувале и во Калифорнија, Каролина и во Луизијана. Во почетокот се користеле како декорација, а потоа како храна и лек. Во Европа ги донел Христофор Колумбо, кога се вратил од Карибите, кој сметал дека открил нов вид црн пипер. Можат да бидат свежи, сушени, мелени (чили во прав), дробени или конзервирани.

Македонската почва е погодна за одгледување чили.

– Има многу работа за подигнувањето на насадот, но од него има и пристојна заработка, така што вложените средства и вложениот труд соодветно се наградуваат. Ние го гарантираме откупот – вели Владимир Милановиќ од фирмата „Милановиќ“.

Според неговата пресметка, за еден хектар насад, потребна е инвестиција од 11.925 евра, за 30.000 парчиња расад, за фолија, вештачко ѓубриво и за хербициди, а заработката се движи од 33.300 до 41.400 евра, со откуп на околу 60.000 килограми род.

zemjodelstvo127-2

Пикантниот вкус пиперките чили го имаат поради состојката наречена капсицин. Оваа состојка, освен што дава пикантен вкус, има и посебни лековити својства, поради што е еден од најздравите прехранбени производи во светот. Редовната консумација на чилито може да послужи како одлична превенција од артритис. Благодарение на капсицинот, чилито има антивоспалителни својства, ја намалува болката предизвикана од псоријаза, артритис и дијабетска невропатија. Ги намалува холестеролот и триглицеридите, со што се спречува згрутчување на крвта. Според ајурведата, пикантниот вкус го стимулира апетитот и го подобрува варењето на храната.

zemjodelstvo127-3Црвената боја сведочи за висока содржина на бета каротен или провитамин А, што значи дека со само неколку лажици чили на ден на телото му се даваат дополнителна доза витамини А и Ц. Некои студии имаат покажано дека капсицинот дејствува на клетките на ракот, со што се намалува ризикот од рак на простата. Лути пиперки спречуваат чир на желудник бидејќи ги убиваат штетните бактерии и го стимулираат создавањето на заштитните гастрични сокови.

Иако имаат американско потекло, пиперките чили денес се состојка на многу светски кујни, од тајландска и индиска, до мексиканска и африканска. Постојат повеќе од 200 видови пиперки чили, чијшто вкус може да варира од благи, до исклучително лути.

Колку и да се лековити, треба да се внимава со нивната консумација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top