| четврток, 6 декември 2018 |

Саудијките обвинети за возење автомобил поминаа 70 дена во притвор

Две државјанки на Саудиска Арабија, уапсени лани во декември поради кршење на забраната за управување возила од страна на жени, денеска се пуштени на слобода по 70 дена поминати во притвор.

Луаџин ал-Хатул (25), која се бори против забраната жените да возат автомобили во земјата, била уапсена е на 1 декември кога се обидела со своето возило да влезе во Саудиска Арабија од Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), додека нејзината пријателка, новинарката Мајса ал-Амуди (33), била притворена кога стигнала на границата во обид да и помогне.

По инцидентот, како што јави „Би-Би-Си“, двете жени собраа голем број следбеници на „Твитер“.

Саудиска Арабија е единствена земја во светот во која на жените им се забранува да возат автомобили.

Иако во саудиското кралство технички не е незаконски жената да вози, само мажите можат да добијат возачка дозвола, додека жените кои јавно возат ризикуваат полицијата финансиски да ги казни или уапси.

Саудиските жени покренаа низа кампањи, меѓу другото, и преку на социјалните мрежи, барајќи ублажување на овие ограничувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top