| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Гордана Софрониевска – Ивановска: Ли­ца­та со ви­со­ка миопија не тре­ба да ра­бо­тат те­шка фи­зич­ка ра­бо­та

Тие што има­ат ви­со­ка кратковидност тре­ба да из­бег­ну­ва­ат и не­кои ви­до­ви спорт, во кои мо­же да дој­де до удар во очи­те. По­ра­ди кон­фи­гу­ра­ци­ја­та на око­то кај ви­со­ка кра­тко­ви­дост, сло­е­ви­те се по­тен­ки, па мо­же да дој­де до рас­цеп и до од­ле­пу­ва­ње на мреж­ни­ца­та или та­ка­на­ре­че­на аб­ла­ци­ја на ре­ти­на­та, ве­ли проф. д-р Гор­да­на Со­фро­ни­ев­ска–Ива­нов­ска, офтал­мо­лог

Кон­ју­кти­ви­тис, ка­та­ра­кта, гла­у­ком, ми­о­пи­ја, да­ле­ко­ви­дост, стра­би­зам, астиг­ма­ти­зам се нај­че­сти бо­ле­сти на очи­те. Би­деј­ќи и ди­ја­бе­те­сот е сè по­че­ста по­ја­ва кај лу­ѓе­то, комп­ли­ка­ци­и­те од не­го се реф­ле­кти­ра­ат и врз очи­те. Ди­ја­бе­те­сот, по­себ­но ако не е пра­вил­но ле­ку­ван, мо­же да пре­диз­ви­ка оште­ту­ва­ња во вид на кр­ва­ве­ња, ото­ци на зад­ни­от сег­мент на око­то, кои, не се тре­ти­ра­ат, мо­же да до­ве­дат до сле­пи­ло ако. За бо­ле­сти­те на очи­те раз­го­ва­рав­ме со про­фе­сор до­ктор Гор­да­на Со­фро­ни­ев­ска-Ива­нов­ска, офтал­мо­лог.

Таа пре­по­ра­чу­ва ли­ца­та со на­вр­ше­ни 50 го­ди­ни ре­дов­но да ме­рат очен при­ти­сок. Со неа збо­ру­вав­ме и за ед­на ано­ма­ли­ја во дет­ска­та во­зраст, ко­ја ако не се открие на­вре­ме, до­ве­ду­ва до де­ге­не­ра­тив­но на­ма­лу­ва­ње на ви­дот. Тоа е амб­ли­о­пи­ја или та­ка­на­ре­че­но мрз­ли­во око, кое мо­же да се ле­ку­ва мош­не ус­пеш­но ако се открие до­де­ка де­те­то е ма­ло (2-3 го­ди­ни).

Кои се нај­че­сти­те бо­ле­сти кај очи­те?

СОФ­РО­НИ­ЕВ­СКА-ИВА­НОВ­СКА: Нај­че­ста­та бо­лест на очи­те е вос­па­ли­тел­ни­от про­цес на пред­ни­от дел на око­то, т.н. кон­ју­кти­ви­тис. Тој мо­же да би­де од ба­кте­ри­ско, ви­рус­но или алер­ги­ско по­тек­ло. Се ја­ву­ва нај­че­сто при дру­ги ин­фек­ции, на си­ну­си, гр­ло, но и изо­ли­ра­но. Дру­го за­бо­лу­ва­ње кое че­сто се сре­ќа­ва во се­којд­нев­ни­от про­цес е ка­та­ра­кта или та­ка­на­ре­че­но пер­де. Тоа е де­ге­не­ра­ти­вен про­цес кој се дол­жи на во­зра­ста (ако не­ма дру­га при­чи­на), при што до­а­ѓа до за­ма­ту­ва­ње на ле­ќа­та, од­нос­но на­ма­лу­ва­ње на ви­дот, до пот­пол­но гу­бе­ње. Се ре­ша­ва иск­лу­чи­тел­но по хи­рур­шки пат. Че­сто за­бо­лу­ва­ње е и ло­ка­лен очен при­ти­сок или гла­у­ком, мно­гу опас­но за­бо­лу­ва­ње кое, ако не се открие на­вре­ме, мо­же да пре­диз­ви­ка сле­пи­ло. За­тоа е важ­но ли­ца­та со на­вр­ше­ни 50 го­ди­ни нај­мал­ку ед­наш го­диш­но да ме­рат очен при­ти­сок. Би­деј­ќи и ди­ја­бе­те­сот е сè по­че­ста по­ја­ва кај лу­ѓе­то, комп­ли­ка­ци­и­те од не­го се реф­ле­кти­ра­ат и врз очи­те. Ди­ја­бе­те­сот, осо­бе­но ако не е пра­вил­но ле­ку­ван, мо­же да пре­диз­ви­ка оште­ту­ва­ња во вид на кр­ва­ве­ња, ото­ци на зад­ни­от сег­мент на око­то, кои, ако не се тре­ти­ра­ат, мо­же да до­ве­дат до сле­пи­ло. Де­ге­не­ра­тив­ни­те за­бо­лу­ва­ња на зад­ни­от сег­мент на око­то и на цен­та­рот за вид ги сре­ќа­ва­ме сè по­че­сто по­ра­ди про­дол­же­ни­от век на лу­ѓе­то.

Да­ли па­ци­ен­ти­те со ви­со­ка ми­о­пи­ја тре­ба да би­дат вни­ма­тел­ни со фи­зич­ка актив­ност?

СОФ­РО­НИ­ЕВ­СКА-ИВА­НОВ­СКА: Да,ли­ца­та со ви­со­ка кра­тко­ви­дост тре­ба да из­бег­ну­ва­ат те­шка фи­зич­ка актив­ност, ка­ко и не­кои ви­до­ви спорт во кои мо­же да дој­де до удар во очи­те. По­ра­ди кон­фи­гу­ра­ци­ја­та на око­то кај ви­со­ка кра­тко­вид­ност, сло­е­ви­те се по­тен­ки, па мо­же да дој­де до рас­цеп и до од­ле­пу­ва­ње на мреж­ни­ца­та или та­ка­на­ре­че­на аб­ла­ци­ја на ре­ти­на­та.

Да­ли да­ле­ко­ви­до­ста или хи­пер­ме­тро­пи­ја се по­пра­ва со но­се­ње очи­ла или со кон­такт­ни ле­ќи?

sofronlieva 2 (Custom)

Не­оп­ход­но до три­го­диш­на во­зраст ба­рем ед­наш да се на­пра­ви офтал­мо­ло­шки прег­лед на се­кое де­те

СОФ­РО­НИ­ЕВ­СКА-ИВА­НОВ­СКА: Да, во прин­цип, да­ле­ко­ви­до­ста се ко­ри­ги­ра (на­ма­лу­ва или по­сте­пе­но ис­чез­ну­ва) со рас­те­га­ње на око­то, освен кај ек­стрем­но ви­со­ки­те вред­но­сти на ди­оп­три­ја­та. Кон­такт­ни­те ле­ќи кај да­ле­ко­ви­дост не­ма­ат ефект на сма­лу­ва­ње или сто­пи­ра­ње на ди­оп­те­рот, ка­ко што има­ат кај кра­тко­ви­до­ста.

Да­ли не­на­вре­ме­но­то откри­ва­ње на ано­ма­ли­и­те, по­себ­но во дет­ска­та во­зраст, мо­же да до­ве­де до не­по­врат­но сла­бе­е­ње на ви­дот, а по­тоа и до искри­ву­ва­ње на по­лож­ба­та на очи­те, т.е. стра­би­зам?

СОФ­РО­НИ­ЕВ­СКА-ИВА­НОВ­СКА: Да, по­стои ед­на ано­ма­ли­ја во дет­ска­та во­зраст што до­ве­ду­ва до де­ге­не­ра­тив­но на­ма­лу­ва­ње на ви­дот ако не се открие на­вре­ме. Тоа е амб­ли­о­пи­ја или та­ка­на­ре­че­но мрз­ли­во око, кое мо­же да се ле­ку­ва мош­не ус­пеш­но ако се открие до­де­ка де­те­то е ма­ло (2-3 го­ди­ни). Ако оваа бо­лест се открие мно­гу по­доц­на, на 6-7 го­ди­ни, то­гаш ле­ку­ва­ње­то не ги да­ва оче­ку­ва­ни­те ре­зул­та­ти. За­тоа е не­оп­ход­но до три­го­диш­на во­зраст ба­рем ед­наш да се на­пра­ви офтал­мо­ло­шки прег­лед на се­кое де­те.

Што е астиг­ма­ти­зам?

СОФ­РО­НИ­ЕВ­СКА-ИВА­НОВ­СКА: Астиг­ма­ти­зам е ано­ма­ли­ја во ре­фрак­ци­ја­та, при што зра­ци­те во пре­кр­шу­ва­ње­то на оп­тич­ки­от дел на око­то не се со­би­ра­ат во ед­на точ­ка од мреж­ни­ца­та и не се фор­ми­ра јас­на сли­ка на пред­ме­ти­те што ги гле­да­ме. По­ра­ди тоа, ли­кот е разв­ле­чен, не­ја­сен, осо­бе­но за од­да­ле­че­ни пред­ме­ти. Се ко­ри­ги­ра со ци­лин­дрич­ни стак­ла. Нај­че­сто, при­чи­на за овој оп­тич­ки не­до­ста­ток на око­то е не­пра­вил­на за­кри­ве­ност на по­вр­ши­на­та на кор­не­а­та.

Во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни е акту­ел­но и ла­сер­ско­то ле­ку­ва­ње на ано­ма­ли­и­те на око­то, со кое се овоз­мо­жу­ва трај­но на­ма­лу­ва­ње на ди­оп­три­ја­та. За ко­ја ди­оп­три­ја нај­че­сто се пре­по­ра­чу­ва и да­ли по опе­ра­ци­и­те па­ци­ен­тот ве­ќе не­ма да но­си кон­такт­ни ле­ќи или очи­ла?

СОФ­РО­НИ­ЕВ­СКА-ИВА­НОВ­СКА: Ла­сер­ска­та опе­ра­ци­ја со ко­ја тре­ба да се ко­ри­ги­ра ди­оп­три­ја­та е ра­бо­та на из­бор на се­кој па­ци­ент би­деј­ќи тоа е коз­ме­ти­ка, а во ре­тки слу­чаи по­стои ме­ди­цин­ска ин­ди­ка­ци­ја за таа да се на­пра­ви.

Ка­ко алер­ги­и­те вли­ја­ат на очи­те? До­а­ѓа про­лет, то­гаш се бу­дат алер­ги­и­те, па ка­ко да ги за­шти­ти­ме очи­те?

СОФ­РО­НИ­ЕВ­СКА-ИВА­НОВ­СКА: Алер­ги­и­те нај­че­сто се се­зон­ски и пре­диз­ви­ку­ва­ат цр­ве­ни­ло, че­ша­ње, гре­бе­ње на очи­те, не­ко­гаш и оток на оч­ни­те ка­па­ци. Се ле­ку­ва­ат со ан­ти­а­лер­ги­ски кап­ки и маст за очи.

Да го раз­би­е­ме ми­тот за кап­ки­те „про­ку­лин“. Во кои слу­чаи се ко­ри­стат и да­ли мо­же да пре­диз­ви­ка­ат ште­та ако се ко­ри­стат че­сто?

СОФ­РО­НИ­ЕВ­СКА-ИВА­НОВ­СКА: „Про­ку­лин“ се кап­ки што слу­жат за плак­не­ње на очи­те при раз­ни драз­би или ири­та­ци­ја на очи­те. Ме­ха­низ­мот на не­го­во­то дејс­тву­ва­ње е пре­ку стес­ну­ва­ње на крв­ни­те са­до­ви на пред­ни­от дел на око­то, го ели­ми­ни­ра­ат цр­ве­ни­ло­то. Пре­че­ста­та упо­тре­ба, од­нос­но зло­у­по­тре­ба, до­ве­ду­ва до обра­тен ефект, мо­мен­тал­но ели­ми­ни­ра­ње на цр­ве­ни­ло­то, а по­тоа се ја­ву­ва уште по­го­ле­мо цр­ве­ни­ло.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top