| четврток, 6 декември 2018 |

Дали мобилните оператори ќе побараат одговорност од лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за изнесените клевети и обвинувања?!

Zaev bomba 9 (Custom)

Лидерот на СДСМ , Зоран Заев, ги посочи трите мобилни оператори како соучесници во аферата. Заев објави дека Управата за безбедност и за контраразузнавање прислушувала најмалку 20.000 граѓани, дури и владини функционери. Тој изјави дека УБК без помош на мобилните оператори немала шанси да ги прислушува граѓаните во земјава.

– Тоа е просто невозможно. Само мобилните оператори можат да дозволат за да се следи нивен корисник бидејќи корисникот на бројот се движи и постојано се менуваат базните станици, кои го примаат и го испраќаат сигналот од мобилниот телефон – истакна Заев.

„Република“ побара одговор од мобилните оператори – нивниот став за обвинувањата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, дека без помош на мобилните оператори нема шанси за прислушување и дали тие учествувале во некакво незаконско прислушување на граѓани?

Трите оператори ја демантираат изјавата на Заев. Велат не поседуваат опрема за слушање, следење, снимање и дека со ниту една своја постапка или акција не направиле законски прекршок во однос на нарушувањето на приватноста на своите корисници.

– Вип оператор работи во согласност со законите во РМ и не поседува опрема за слушање, следење, чување, снимање, задржување или секој друг облик на пресретнување или надзор над комуникациите. Операторите се должни, во согласност со член 175 од Законот за електронски комуникации, да обезбедат соодветен интерфејс и да воспостават електронски комуникациски водови за пренос до овластениот орган за следење на комуникации, со цел да се овозможи следењето на комуникациите во нивната мрежа, а во согласност со Законот за следење на комуникациите – ни одговорија од ВИП.

vip

 
– Телекомуникацискиот оператор ОНЕ работи во согласност со законските прописи на Република Македонија и ги почитува сите законски норми пропишани со Законот за електронски комуникации каде што детално се наведени правата и обврските на телекомуникациските оператори. ОНЕ, со ниту една своја постапка или акција, не направил законски прекршок во однос на нарушување на приватноста на своите корисници – велат од ОНЕ.

one

Како и секогаш, Т-мобиле Македонија работи во согласност со законите на Република Македонија. Ги почитуваме законските норми пропишани со Законот за следење на комуникациите и Законот за електронски комуникации каде што во член 175 детално се наведени правата и обврските на телекомуникациските оператори во однос на следење на комуникациите.Т-мобиле Македонија не ја нарушил, ниту ќе ја наруши приватноста на своите корисници – велат во својот одговор одговорните од Т-мобиле.

t-mobile

 Дали мобилните оператори ќе побараат одговорност од лидерот на опозицијата Зоран Заев за изнесените клевети и обвинувања?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top