Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остри критики до американскиот претседател Барак Обама од Мексико, каде што престојува во рамки на неговата турнеја низ Латинска Америка.
Причина за незадоволството е „недоволната реакција“ од страна на Обама по убиството на тројцата млади муслимани во Северна Каролина оваа недела, пишува турскиот весник „Хуриет“.
Тројцата студенти беа убиени во универзитетскиот кампус во Северна Каролина, а слабото внимание на јавноста за случајот предизвика незадоволство кај муслиманската заедница.
– Доколу вие молчите пред такви случувања, тогаш и светот ќе молчи пред вас – изјави Ердоган обраќајќи му се на Обама на заедничката прес-конференција со неговиот мексикански колега Енрике Пења Нието.
– Каде си господине претседател? – праша турскиот лидер нагласувајќи оти ниту Обама ниту американскиот државен секретар Џон Кери или потпретседателот Џо Бајден не дале никава изјава за оваа тема.
– Тие луѓе не се терористи, туку сириски муслимани – додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Работилница за критичко пишување на фестивалот „АЛЕРТ!“
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија